2 јајца
200 мл јогурт
100 мл масло
100 мл вода
250 г брашно
100 г дробено сирење
3 лажици пченкарно брашно
1 прашок за печиво
2 лажици ајвар + за одозгора
1 лажичка оригано
Изматете ги јајцата со жица, и додадете ги јогуртот, водата и маслото. Промешајте, па додадете ги брашното и прашокот за печиво. Мешајте со жицата додека се соедини смесата. На крајот додадете ги ајварот и сирењето, и уште еднаш промешајте.
Со лажица ставајте од смесата на намрсена хартијата во тава за печење. На средината на секоја погачица нанесете половина лажичка ајвар. Наросете ги погачиците со оригано и печете 20 минути на 200 степени или додека поруменат.