Погледнете во кои градови луѓето се со најниско ниво на стрес

Англиската компанија “Зипџет“ објави листа на градови со најниско ниво на стрес. При изборот во предвид се земени повеќе параметри како – висината на платата, стапката на невработеност, сообраќајните услови, нивото на менталното здравје, количината на зелени површини, зачестеноста на грабежи и убиства, и бројот на сончеви часови во текот на годината.
Приматот го држи германскиот Штутгарт, а во првите пет се вбројуваат уште три германски градови. Како и да е на листата доминираат европските градови.
1. Штутгарт, Германија
2. Луксембург, Луксембург
3. Хановер, Германија
4. Берн, Швајцарија
5. Минхен, Германија
6. Бордо, Франција
7. Единбург, Обединето Кралство
8. Сиднеј, Австралија
9. Хамбург, Германија
10. Грац, Австрија
11. Цирих, Швајцарија
12. Сиетл, САД
13. Велингтон, Нов Зеланд
14. Ница, Франција
15. Дрезден, Германија
16. Осло, Норвешка

17. Окленд, Нов Зеланд

18. Хелсинки, Финска

19. Абу Даби, ОАЕ

20. Мелбурн, Австралија

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.