четврток, 12 ноември 2026
Најново

Погледнете каде вее снег во моментов, можна е појава на голомразица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Врнежи од снег со послаб интензитет има во Скопје, Петровец, граничен премин Табановце, на Попова Шапка, Павлешенци и на планинскиот превој Ѓавато.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.


-Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. Се уште е во сила забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар- Струга, информира Автомото сојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Поврзани вести