Погледнете како изгледа појадокот на Владимир Путин, неговиот најважен оброк во денот

Веројатно мислевте дека се подразбира вака дисциплиниран човек да станува рано наутро. Но, Путин секој ден  спие барем до 10 часот, а не појадува пред пладне.
Неговиот појадок е речиси ист секој ден и подразбира омлет или каша со задожителната доза на руско бело сирење, творог. Со омлетот или кашата јаде јајца од потполошки, кои освен што се вкусни имаат и многу здравствени бенефити: го подобруваат видот, го стимулираат растот, го балансираат холестеролот, го поттикнуваат метаболизмот, го детоксираат организмот, а одлични се и против алергии.
Со појадокот пие сок од цеден портокал, а во кафето сака да ужива по појадокот и пред тренингот. Омилен десерт му е сладолед од фстаци, а The Independent пишуваше дека на кинескиот претседател, Си Ѓинпинг токму ваков сладолед му подарил на Самитот Г20.
Путин алкохол пие само на формални приеми, а бидејќи алкохолизмот е историски проблем на Русија, на овој начин тој промовира некој поздрав начин на живот за разлика од својот претходник, Борис Јелцин кој беше дел од таа епидемија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.