Погодивме! Се воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС од утре

Повеќе од јасно беше од пресконференцијата на Филипче денеска, дека Владата ќе воведе полициски час…

Од утре започнува полициски час, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски предмалку. – Во период од 21 часот до 6 часот секој ден се забранува движењето со цел спречивање на ширење на Ковид- 19. Се исклучуваат лица кои имаат потреба од Итна помош, лица кои одат на дијализа и тоа во придружба најмногу од две лица, рече Спасовски.

Тој додаде дека нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање.

А ние ќе додадеме дека ова е состојба кога тие што практицираат власт, сила и моќ треба да внимаваат многу. Да не преминеме во ТОТАЛИТАРНА ДРЖАВА!!

На таа тема веќе го објавивме ова:

Оди ли државата кон полициски час? Дали ќе го живееме Орвел и неговата 1984?