За време на голем напад на Хамас врз Израел рано утринава, еден тенк Меркава IV беше уништен, додека најмалку еден член на екипажот беше заробен.
Засега не е утврдено како е уништен тенкот, но се споменува можност да биде погоден од противтенковска наведувана граната.
На социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) беше објавено видео од фаќањето на членот на екипажот.
Потсетуваме, припадници на Хамас од Појасот Газа денеска влегоа на југот на Израел и истрелаа илјадници ракети во таа земја.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ова не е операција, туку војна.
Тој дал инструкции за „исчистување на населбите од терористи кои се инфилтрирале“.
Тој додава и дека наредил опсежна мобилизација на резервниот тим.
- Непријателот ќе ја плати цената како никогаш досега – рече тој.
- Крадец среде бел ден во Карпош сакал да ограби маркет, па откако не успеал повредил вработена
- Судир на две товарни возила во Битола, едното од нив удрило пешак
- Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин
- Седлоски: Секој меч во втората полусезона ќе биде како финале за Вардар
- Познато кои се ќебапчилниците за кои Груби потрошил 20 илјади евра