Многумина не го сакаат поради пикантниот вкус, но сите се свесни колку тој всушност е здрав и колку му е потребен на цел организам.
Синигрин, кумарин, феноли, етерично масло, аспарагин, пероксидаза, смола, скроб, сахариди – поради сите овие состојки ренот е идеален за лицата кои имаат респираторни проблеми.
Се препорачува и за прочистување на крвта, исфрлање камен и песок од бубрезите, за исфрлање на токсините преку потење.
Ренот може да го купите во текот на целата година, но може да си направите и смеса која треба да ја консумирате.
Состојки:
- 2 корeња рен;
- една лажица сол;
- 1 лажица шеќер;
- 50 милилитри вода;
- 50 милилитри оцет.
Подготовка:
Корењата излупете ги и измијте ги, а потоа изрендајте ги со ренде или пак ставете ги во блендер доколку така ви е полесно.
Додадете ја солта, шеќерот, оцетот, па сè добро измешајте. Откако ќе го изрендате ренот добро измијте ги рацете и немојте да ги допирате очите затоа што лутината може да ви ги изиритира.
Смесата ставете ја во стаклена тегла, додадете ја водата, па затворете ја теглата со капаче
Консумирајте по една лажица на гладно секој ден.