Погребот на Чавез во петок, реакции од светот

Венецуелската влада прогласи седумдневна жалост поради смртта на 58-годишниот претседател Уго Чавез кој ја загуби двегодишната битка со ракот, и објави дека погребот ќе биде извршен во петок, соопшти на државната телевизија министерот за надворешни работи Елиас Хауа. Латиноамериканските политичари со тага реагираа на веста, а многу брзо реагираа и челниците од другите краеви на светот.

Погребот на Хуго Чавез ќе биде извршен во петок во 10 часот (15.30 часот по македонско време), а владата ги замоли приврзаниците на претседателот кој стана култна фигура на латиноамериканскиот континент да дојдат облечени во боите на венецуелското знаме.
До новите избори, коишто според уставот мора да се одржат во рок од 30 дена, земјата ќе ја вод потпретседателот Николас Мауро, за кого се смета дека именува за свој наследник од самиот Чавез.
Во меѓувреме, илјадници приврзаници на Чавез ги исполнија улиците на градовите, во плач и со пораките „Чавез живее” и „Ние сме Чавез”.
Меѓутоа, како што јавува Reuters, иако протвикандидатот на Чавез од претседателските избори од октомври 2012 година и лидер на обединетата опозиција Енрике Каприљас изрази жалење за смртта на противникот и повика на мир и достоинство, некои од противниците на покојниот венецуелски претседател не го криеле задоволството од крајот на владеењето на човекот кого тие го сметаа за диктатор. Така, неколку жени во побогатиот дел од престолнината Каракас, истрчале на улиците со повиците „Конечно!”.
„Светот загуби голем Латиноамериканец. Во многу случаи бразилската влада не се согласуваше сосема со политиката на Уго Чавез, меѓутоа денеска му одаваме признание како на голем лидер, над сé, големиот пријател на Бразил”, изјави бразилската претседателка Дилма Русеф.
Нејзиниот претходник на функцијата, Луиш Инасио да Силва, рече дека „е горд што со Чавез работел на интеграцијата на Латинска Америка” и дека веста за неговата смрт ја примил со голема тага.
Кубанската телевизија, каде што Чавез се лекуваше безмалку две години од ракот, ја прекина програмата и директно ја пренесуваше објавата на венецуелскиот потпретседател Николас Мадуро дека починал „Команданте”. Владата прогласи тридневна жалост, искажа „искрено сочувство” на Венецуела и во соопштението нагласи дека Чавез на легендарниот водач на кубанската комунистичка револуција Фидел Кастро му бил „како вистински син”.
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос му се заблагодари на Чавез на упорната рабто аза постигнување мир во Колумбија со бунтовниците од радикалното левичарски движење FARC, додека чилеанскиот колега Себастиан Пинера рече дека особено ја цени силата и еланот со кој Чавез се бореше за своите идеи.
Еквадорскиот претседател ја оцени смртта на Чавез како „ненадоместлива загиба за Латинска Америка”. Социјалистичката влада на еквадорскиот колега Рафаел Кореа беше блиска на владата на Чавез, како и боливиската на Ево Моралсе, кој веднаш допатува во Каракас.
Аргентина прогласи тридневна жалост поради смртта на Уго Чавез, а претседателката Кристина Киршнер најави дека исто така веднаш тргнува кон главниот град на Венецуела за лично да го изрази сочувството.
„Длабоко сме растажени”, изјави уругвајскиот претседател Хозе Мујика. „Верувам во венецуелската влада, и во народот, во силата на демократијата којашто мојот пријател Чавез така упорно ја градеше”, додал.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун го изрази „своето најдлабоко сочувство” на народот на Венецуела по повод смртта на нивниот претседател. „Претседателот Чавез им се обраќаше на најранливите Венецуелци. Ги поддржуваше движењата за регионална интеграција базирани на својата латиноамериканска визија и истовремено искажуваше солидарност со другите земји во хемисферата”, изјави првиот човек на светската организација.
Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Виталиј Чуркин изјави дека „смртта на големиот политичар Чавез претставува трагедија”.
Францускиот претседател Франсоа Оланд смета дека Чавез остави длабока трага во историјата на својата земја, му одаде признание за неговата „борба за правда” и изрази „длабоко сочувство” за народот на Венецуела.
Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, во соопштението нагласи дека Чавез оставил траен печат на својата земја и регионот и им упати сочувство на неговото семејство и на жителите на Венецуела.
Претседателот на комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дон ма американскиот Конгрес, Ед Ројс, рече дека Чавез бил „тиранин” кој своите сонародници ги принудил да живеат во страв. Претседателот на сенатската комисија за надворешна политика, Роберт Менендез смета дека Чавез владеел со својата земја со железна рака и оти се надева дека политичката празнина создадена со неговата смрт ќе биде пополнета со мирен и демократскиот процес кој ќе обезбеди почитување на човековите, граѓанските и политички права.
Американскиот актер Шон Пен во својата писмена изјава рче дека „Америка денеска загуби пријател кој не знаеше дека го има”. Додаде дека „сиромашните из целиот свет го загубија својот лидер, а јас својот пријател”.
Славниот холивудски режисер Оливер Стон го нарече Чавез „голем херој кој вечно ќе живее во историјата”
Макфакс
Венецуелската влада прогласи седумдневна жалост поради смртта на 58-годишниот претседател Уго

Пронајдете не на следниве мрежи: