Би ви ја позајмила омилената чанта, би ви го дала нејзиниот автомобил кога ќе ви треба, ќе ги ислуша сите ваши грижи и проблеми и ќе излезе со вас дури и изморена за да ве направи среќна кога сите ќе ве откачат во петок вечер…
Тоа е вашата најдобра пријателка со која знаете да се скарате, но за која би направиле сè што и таа би направила за вас. Па еве, како да ја изненадите со празничен подарок, а за изборот ни помага астрологијата:
Овен: рачно изработен албум со слики, убави чизми, чанта или ремен
Бик: чоколади, платени часови по пеење, некое убаво синџирче за на врат
Близнаци: блескав приврзок за клучеви, свеќи од соин восок, кул кутија за пренос на електронски уреди, гаџети, надворешни хард дискови и сл.
Рак: нешто од кашмир, особено чорапи и џемпери, убава чанта во некоја јака боја, некои убави декоративни елементи за во домот, на пример кристални свеќници
Лав: карти за во театар, скапа шминка која сама не би си ја купила, елегантен тефтер за водење дневник или некое „фенси“ пенкало со кое ќе може да си ги запишува своите спомени
Девица: новиот роман од нејзиниот омилен автор, парфем или средства за одржување на чистотата во домот
Вага: претплата на списанието кое сака да го чита, убаво шише со некој пијалак кој го обажава, пешкир со нејзините иницијали
Скорпија: платен третман за ароматерапија, игра за возрасни, вечерно излегување во град
Стрелец: камера, вреќа за спиење, прибор за патување, некои убави чевли
Јарец: цвеќиња, растенија или прибор за нивна грижа, филм на ди-ви-ди или вечера во омилениот ресторан
Водолија: донација за добротворни цели во нејзино име, додатоци за електронската опрема која ја поседува, музичко це-де или уреди за слушање музика
Риби: производи за бањање, купончиња за платени услуги во салони за убавина и спа-центри, високи чаши на столче.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.