Подгответе Велигденска БАКЛАВА со ореви

СОСТОЈКИ:
Едно пакување кори за пита
125 гр путер
две чаши ореви
екстракт од ванила
три чаши шеќер
две чаши вода


Подготовка:
Поделете една кора на два еднакви дела.
Едната половина од корите прелијте ја со 1/3 растопен путер, а другата половина крупно мелени ореви.
Убаво завиткајте во ролат и повторете ја постапката со друга кора.
Кифличките исечкајте ги на големина за едно залче околу 2-3 см и наредете ги во подмачкана тава како никулци, вертикално.
Одозгора посипете ја со преостанатата 1/3 од стопен путер. Ставете ја баклавата да се пече во умерено загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути или додека не добие убава боја.
Подгответе шеќерен сируп со ванила, оставете да зоврие неколку минути. Оставете малку да се излади и прелијте ја со ладна баклава. Одозгора посипете ја баклавата со мелени ореви и послужете ја откако ќе отстоите малку.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.