Подгответе го вака и ќе имате вкус како од ресторан: 5 трикови за најкрцкавиот домашен помфрит

Знаете ли што е двојно пржење на помфрит? Постојат неколку трикови како тој да биде вкусен и секој од нив може сами да го примените така што максимално ќе уживате во неговиот вкус.
Што ви е потребно за подготовка на вкусен, крцкав помфрит како од ресторан?
1. Бел компир
Бирајте бел компир затоа што има помалку вода и повеќе скроб во себе, а тоа на помфритот му дава потребна крцкавост.
2. Опрема
Не е тешко да направите помфрит, но потребна ви е адекватна опрема за совршена порција на оваа храна. Доколку немате фритеза, ќе ви послужи и подлабока тава. Добро загрејте го маслото за јадење пред да го ставите компирот внатре.
Сепак, внимавајте и да не биде претопло затоа што компирот ќе добие кафеава боја пред да се испржи. Извадете го помфритот на хартија.


3. Вода
Доколку компирот се држи во ладна вода неколку часа, се чисти вишокот на скроб. Не чувајте го компирот повеќе од 24 часа во вода.
4. Пржете двапати
Кога ќе го испржите компирот во некое неутрално масло за јадење, помфритот однадвор ќе биде крцкав, а внатре мек. Пржете го помфритот неколку минути додека не биде мек (на околу 150 степени), а потоа извадете го и зголемете ја температурата на 180 степени Целзиусови, па вратете го помфритот да се допржи. Не преполнувајте ја тавата. Помфритот ќе биде подготвен кога ќе добие златна боја.
5. Веднаш зачинете
Со зачините веднаш ќе го подобрите нивниот вкус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.