Подгответе здрав оброк без месо, рижото со печурки

Вкусен и здрав оброк, лесен за подготовка.
Состојки:
400 грама шампињони
200 грама ориз
1 кромид
лук по желба
1 морков
магдонос
зејтин
зачини

Подготовка:
На загреан зејтин додадете ги кромид исецкан на кругови и лукот. Динстајте неколку минути.
Шампињоните исецкајте ги, и додадете ги во тавата. Ставете малку вода, и додадете го изренданиот морков, исецканиот магдонос, лажичка вегета, малку сол и бибер. Динстајте додека печурките не бидат готови, околу 25 минути.
Оризот сварете го и исцедете. Кога печурките ќе бидат готови, додадете го оризот и се заедно помешајте.
Добар апетит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.