Дали некогаш сте слушнале дека постои пица која што се подготвува во тава? Овој необичен рецепт традиционално се подготвува во регионот Кјанти.
Ви го откриваме рецептот за брза подготовка на пица која што се подготвува во тава, а особено ќе им се допадне на луѓето кои што дома имаат мала рерна или печка.
Исто така важно е да се нагласи дека за подготвување на овој италијански специјалитет не ви е потребно многу време, затоа што пицата не содржи квасец, така што нема да мора да чекате тестото да нарасне.
Состојки:
– 1 конзерва пасиран домат
– 1 кафена лажица прашок за печиво
– 3 лажици јогурт
– 1 шака изрендано сирење
– 4 лажици пченично брашно
– малку маслиново масло за јадење
– по желба, шунка, шампињони, феферонки…
– сол и бибер
Подготовка:
1. Потребно е да го подготвите тестото. Помешајте го брашното, прашокот за печиво и јогуртот. Ставете масло за јадење во тавата и добро измачкајте ја.
2. Тестото распоредете го во тавата. Убаво обликувајте го. Доколку имате проблем со лепливо тесто, слободно додадете уште малку од маслиновото масло.
3. Сега може да додадете шунка, шампињони, пиперки или пак други состојки по желба.
4. Ставете капак над тавата и пицата пржете ја на средна температура околу 15 минути. Важно е да не го вадите капачето од тавата.
Пријатно јадење!