среда, 25 ноември 2026
Најново

Подгответе се за есенска диета со одлични резултати: За само една недела ќе доживеете големи промени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од есенските намирници може да се направи мени од кое можете да си обезбедите доволно хранливи материи да не бидете гладни, а притоа, да слабеете.
Тикви, брокули, пиперки, домати, зелка, кељ и прокељ, сите тие се идеални за диета.
Предлог еднонеделно мени за слабеење:
Прв ден
Појадок: Парче пченкарен леб, сирење со малку маснотии, свежа пиперка
Ужина: Круша
Ручек: Супа од тикви, две парчиња леб намачкан со лук
Ужина: Јаболко
Вечера: Печено пилешко, 150g брокули и карфиол прелиени со две лажици маслиново масло, чинија салата
Втор ден
Појадок: Парче пченкарен леб, сирење со малку маснотии, свежа пиперка
Ужина: Круша
Ручек: 250g шпагети со модар патлиџан и домати
Ужина: 150g грозје
Вечера: Две варени или печени пченки, шолја млеко со мал број на масти


Трет ден
Појадок: 40g житарици, шолја јогурт, банана, лажица мед
Ужина: Калинка
Ручек: 250g печурки, 150g пире од компири, зелка салата
Ужина: Печени костени
Вечера: Варен грашок и зелка, парче леб
Четврти ден
Појадок: Парче пченкарен леб, мисиркина салама, свежи пиперки и малку кајмак
Ужина: 150g овошен јогурт
Ручек: 80g грашок, варен интегрален ориз и вегетаријански плескавици од печурки
Ужина: Јаболко
Вечера: Пастрмка печена во рерна и компир салата
Петти ден
Појадок: 100g проја и шолја јогурт
Ужина: 30g ореви
Ручек: Туна сендвич и салата
Ужина: Јаболко
Вечера: 2 јајца, 250g пиперки, парче интегрален леб
Шести ден
Појадок: Парче интегрален леб, малку путер, малку мармалад по желба, шолја свежо цеден овошен сок


Ужина: Круша
Ручек: 100g варено телешко месо, салата по желба
Ужина: Две мандарини
Вечера: Зеленчук по желба, печен во рерна, парче интегрален леб
Седми ден
Појадок: Парче интегрален леб, паштета од зеленчук, шолја природен свежо цеден сок
Ужина: 150g грозје
Ручек: Пилешка супа, 150g пилешко месо, 100g варен компир, две лажици ајвар
Ужина: Јаболко
Вечера: Парче леб со 30g сирење, пипер и лук по желба

Поврзани вести