Подгответе тестенини во сос од ореви

Доколку сакате да експериментирате во кујната, време е да го пробате овој иновативен рецепт
Подгответе вкусен оброк според овој рецепт за традиционални италијански тестенини во богат сос од ореви.


Потребни состојки:
200 грама ореви
2 децилитри млеко
2 парчиња леб, без корка
чешне лук
лажица пармезан
3 децилитри маслиново масло
1 децилитар млака вода
прстофат сол

Начин на подготовка:
Загрејте ја водата и посолете ја, па кога ќе зоврие, намалете ја температурата и сварете ги тестенините. Потопете го лебот во млеко, а потоа исцедете го и издробете го со раце. Иситнете ги оревите во блендер. Во сад измешајте ги дробениот леб, оревите, лукот, пармезанот и солта. Соединете ја оваа смеса во блендер додека оревите не се иситнат целосно. Во смесата додајте маслиново масло и малку млака вода, па мешајте додека не добиете богат, кремав сос. Прелијте ја тестенината со сосот и послужете ја топла.
Уживајте во традиционалниот вкус на Италија!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.