Подготовката е едноставна, а се јадат во едно залче


Потребно е:

250 гр посен маргарин
250 гр шеќер во прав
250 гр мелен бисквит
100 гр мелени ореви
2 лажици рум

Подготовка:

Маргаринот се мати со шеќерот во прав, па се додаваат бисквитите, мелените ореви и две лажици рум. Земете малку од смесата и со раце обликувајте топчиња. Во секоја бомба ставете по еден лешник. На крајот, секое топче виткајте го во мелени ореви.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: