Поддршка за Невена поради удирањето на Синди

Исфрлената станарка од куќата на Големиот брат, Невена, на Твитер доби поддршка поради тоа што ја удрила нејзината соперничка Синди.
Моделот Невена Миличевиќ долго време во себе го собираше огорченото однесување на Синди, поради што на крај „експлодираше“.
За време на кавгата со Синди, која и го крена здолништето и се обиде да докаже дека Невена има целулит, моделот „откачи“, па ја повлече ривалката за коса, а потоа ја удри по главата.
Големиот брат пресуди – Невена, напушти ја куќата, исфрлена си. Иако дента беше нејзиниот роденден.
Моделот не жали што ја напушти куќата, и нејзиниот Твитер профил е преплавен со пораки со поддршка.
„Откако ја напуштив куќата, наидувам на голем гнев на луѓето – сите жалат што ударот не бил посилен. Шегата настрана, посакувам никогаш да не се ставев себеси во ситуација каде што морав да трпам психолошка и емоционална злоупотреба , на која секојдневно бев изложена “, пишува манекенка Невена Миличевиќ на својот Твитер профил.
Невена има повеќе од 30.000 следбеници на Твитер.
 Исфрлената станарка од куќата на Големиот брат, Невена, на Твитер доби поддршка поради тоа што ја удрила нејзината соп

Пронајдете не на следниве мрежи: