Почнува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Поднесени се 224 амандмани.
Вкупните приходи се ревидирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет.
Вкупните расходи се ревидирани на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари што е зголемување за околу 14,5 проценти.
Економски раст е проектиран на 3,5 проценти, инфлацијата на 4,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,1 процент.
The post Поднесени 224 амандмани на ребалансот на Буџетот appeared first on Provereno.



