Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи, објави Мицкоски

Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи, oбјави денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
“Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор! Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси!
Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс!
Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното.
Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива. Во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се збори за фактите кои ќе го разобличат неговото делување.
Затоа оставка поради црнилата кои и ги донесе на Македонија!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.