Подобар и од мајонез: Кремаст сос кој можете да го подготвите за 60 секунди

Готвачот Мари-Антоан Карем кој живеел во 19-тиот век, донел кулинарски „закон“ за четири сосови кои ќе претставуваат основа на сите други сосови. Станува збор за сосовите бешамел, велуте и еспањол, а подоцна им се придружил и сосот холандез.
Подобар и од мајонез: Кремаст сос кој можете да го подготвите за 60 секунди
Така наречениот „елегантен братучед“ на мајонезот се прави со рафиниран путер наместо масло и е многу вкусен во комбинација со аспарагус и панагијски јајца. Подготовката на класичниот сос холандез не е многу лесна. Ако го готвите премногу долго, ќе добиете пржени јајца. Ако не го готвите доволно, сосот нема да се згусне. Ако се олади, состојките ќе се раздвојат и ќе добиете лоша структура.


Погледнете го овој рецепт кој можете да го подготвите за 60 секунди.
Потребни состојки:
1 жолчка од јајце
1 лажичка вода
1 лажичка сок од лимон
110 г путер
прстофат сол
прстофат мелена лута пиперка (по избор)
Начин на подготовка:
Измешајте ги жолчката, водата, сокот од лимон и солта во еден сад кој е доволно голем да ги собере маталките на миксерот или рачниот блендер.
Растопете го путерот на висока топлина, мешајќи постојано додека не се запени.
Миксирајте ја смесата со жолчката и полека додавајте го растопениот путер.
30 секунди подоцна ќе добиете кремаст сос.
Дополнителна информација:
Пред да започнете, оставете ја жолчката од јајцето на собна температура најмалку 15 минути за да се загрее доволно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.