Подобра боја отколку на фризер: 2 методи за осветлување на косата, целосно природни + зајакнување на косата

Во текот на летото, многу луѓе сакаат посветла коса, но без хемикалии и скапи третмани.

Постојат три сосема природни и ефтини методи кои ја осветлуваат косата, а воедно ја негуваат и ја зачувуваат нејзината здрава структура и сјај.

Мед и маслиново масло:

Измешајте четвртина чаша мед со иста количина маслиново масло. Смесата се нанесува на косата и се остава да делува еден час на сонце. После тоа, косата се мие со шампон и се нанесува регенератор. Овој третман се користи двапати неделно. Медот исто така ја избелува и ја негува косата.

Чај од камилица:

Сварете чаша чај од камилица, изладете го и истурете го во шише со распрскувач. Растворот се нанесува на косата (цела или делумно) и се остава на сонце околу половина час. После тоа, косата се исплакнува и се користи регенератор. Постапката се повторува еднаш или двапати неделно.

Двата методи се природни, не ја оштетуваат косата и даваат прекрасни посветли нијанси – дури и поубави отколку кај фризер.

Пронајдете не на следниве мрежи: