Поевтините бензински автомобили ни се поважни од електричните

За MERCEDES, поевтините бензински мотори стануваат приоритет во однос на електричните модели, се со цел да се подигне продажбата на задоволително ниво.

Електрификацијата очигледно не напредува како што се очекуваше, особено во Америка, каде цената е одлучувачки фактор за многумина при изборот на нов автомобил. Мерцедес затоа го пренасочи својот фокус кон автомобилите на почетните нивоа, вклучително и поголема палета на модели придвижувани од мотори со внатрешно согорување.

Мерцедес, наводно, им го открил ова на своите дистрибутери на состанокот одржан во јануари оваа година. Фокусот се префрла на основните модели, а во случајот на Mercedes тоа е и моделот GLC. Истовремено ќе се зголеми и темпото на производство на бензин и хибриди. Сè што е кажано (досега) важи за американскиот пазар и претставува корекција на деловните потези многу слични на оние што ги избра Nissan, пишува Motor1 повикувајќи се на AutoNews.

Се чини дека аналитичарите имаат позитивен став за оваа промена. „Мерцедес е во контакт со реалноста наместо да се обидува да ја промени“, изјави директорот на Edmunds Insights, Иван Друри, за Autonews. „Минатата година покажа дека можете да летате високо додека не го изгубите контактот со реалноста. Основните модели им даваат на потрошувачите вкус на она што следува, но само ако можат да си дозволат да останат во рамките на брендот“.

И продавачите се согласуваат со оваа идеја. Тие велат дека повеќе би сакале да продаваат поевтини модели што ги имаат на залиха до 30 дена и да имаат помал индивидуален профит отколку да чуваат скапи електрични автомобили од 100.000 долари на залиха половина година и да губат пари на нив.

Дополнително, некои сопственици на салони истакнуваат дека клиентите на Мерцедес не бараат ниту струја. „Повеќето од нашите врвни клиенти кои бараат автомобили ориентирани кон перформансите ќе изберат бензински мотор наместо електричен мотор“, рече еден неименуван извршен директор.

Мерцедес потврди дека во текот на оваа година американскиот пазар ќе се збогати со дури 25 нови модели, меѓу кои акцентот е ставен на електрифицираните модели со погон на фосилни горива. S класата и GLE добиваат plug-in хибриди, а GLC доаѓа наесен.

„Многу сме среќни што ќе го донесеме на пазарот она што е потребно, а тоа е вистинската рамнотежа помеѓу производите на ICE, електричните производи и сега, исто така, додавањето на PHEV во мешавината“, рече Шенол Бајрак, директор за продажба во Мерцедес-Бенц САД.

Извор: index.hr

Пронајдете не на следниве мрежи: