Пожарникари од Куманово вчера спасиле заглавени деца во лифт, објавија од ЦУК. Децата биле заглавени во лифт на ул. „Доктор Рибар“ во Куманово.
Според информациите на ЦУК, настанот се случил во период од 18.30 до 19.40 часот, а интервенирале тројца пожарникари. Нема информации дали децата се здобиле со повреди.
Според ЦУК, изминатите 24 часа, девет пожари на отворен простор биле евидентирани на територија на државава, покрај интервенции за гаснење пожари во населени места. Сите пожари биле изгаснати.
ЦУК информира и дека денеска од 12 до 17 часот, планирано е минирање на локалитетот „Сладун“ во општина Прилеп. Додека, на каменоломот „Говрлево“, општина Сопиште, од 10 до 15 часот. Според најавите, ќе има повеќе детонации, што ќе се почувствуваат и слушнат во околината.
Изминатите 24 часа, ЦУК евидентирал 1.707 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од нив како „реални“ биле категоризирани – 58,06 отсто, а 41,94 проценти, за други потреби на граѓаните.
Кон полицијата биле упатени 67,73 отсто, кон Итната медицинска помош – 25,53 проценти, а кон пожарникарите – 2,48 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.