Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот во Беловодица и Мариово е ставен под контрола.
„Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селими континуирано од терен ја следи ситуацијата со активните пожари низ Република Северна Македонија. Денеска, во кординација со сите републички сили, тој го координираше пожарот во прилепското подрачје кај селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково – Штавица, Општина Прилеп, на чело со инцидентниот командир Ивица Наумовски. За брзо справување со пожарот беа мобилизирани специјализирани тимови за гаснење на пожари на отворен простор од пошироки размери. Воедно, во поддршка на справување со огнетите јазли беа вклучени и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување“, информира од Дирекцијата за заштита и спасување.