Пожар во детската болница во Козле

Пожарот кој утрово ја зафати детската болницата за белодробни заболувања во скопско Козле во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје бил пријавен во 09:15 часот, а изгаснат е околу 12 часот. Иако првичните информации се  различни – од запален аспиратор од кој била зафатена кровната конструкција до пожар во еден од тоалетите,  важно е дека е причинета само материјална штета. Нема повредени лица бидејќи пациентите на време биле евакуирани.
Директорот на болницата д-р Ангелчо Андоновски ги демантира овие информации, појаснувајќи дека станува збор само за краткотрајно топење на кабли во еден од тоалетите. Превентивно била повикана противпожарната служба, согласно протокол за реагирање во вакви ситуации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.