Пожар во Крушево, во гаснењето учествуваат авиони на ДЗС

И денес на повеќе места низ Македонија се активни неколку пожари, а екипите се константно на терен и се борат со пламените јазици, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради непристапноста на теренот, во Крушево се интервенира и со специјализираната воздухопловна единица при ДЗС, за гаснење на пожарот во планинските предели на Крушево и во околните села.
Од ДЗС апелираат за совесно однесување на населението и придржување кон забраната за движење во шуми и шумски подрачја со цел спречување пожари во нив, како и активно вклучување на сите институции како на локално, така на централно ниво во заштита на шумите и природните ресурси на  земјава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.