СВР етово соопштува дека вчера, 02.06.2026 година, во СВР Тетово, било пријавено дека околу 09:50 часот во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово, избувнал пожар во машка тоалетна кабина.
Пожарот бил изгаснат од страна на работници со противпожарни апарати и хидранти.
„За време на гаснењето на пожарот, како резултат на вдишување чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. биле упатени во Клиничкиот центар во Тетово за да им биде укажана медицинска помош. Увидна екипа на Противпожарната служба Тетово во соработка со Јавниот обвинител извршила увид на местото на настанот“, велат од Противпожарната служба Тетово.
The post Пожар избувна во тоалетот на училиштето „Моша Пијаде“ во Тетово, шест лица завршија во болница од вдишување чад appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



