Константин Колцов, поранешен белоруски хокеар и момче на познатата тенисерка Арина Сабаленка, почина на 42-годишна возраст, а сега е позната причината за неговата ненадејна смрт.
Веста за причините за смртта ја потврди и белорускиот портал „Smartpress.by“, а според информациите Константин починал поради тромб формиран од згрутчување на крвта.
Белорусите додаваат и дека Колцов пристигнал во Мајами за да ги следи натпреварите на Сабаленка, која требаше да настапи на вториот Мастерс во Америка.
Колцов играше за Белорусија на Олимписките игри во 2002 и 2010 година и помина делови од три сезони со Питсбург пингвинс од 2002 и 2006 година.