ПОЗНАТИОТ ГЛУМЕЦ ПРИЗНА-БОЛЕН СУМ: Порано “прcкaшe” од здравје, жените трчаа по него, а сега се плаши да излезе од дома (ФОТО)

Познатиот актер и миленик на жените – Зак Ефрон, призна дека пати од агорафобија.

ПОЗНАТИОТ ГЛУМЕЦ ПРИЗНА-БОЛЕН СУМ: Порано “прcкaшe” од здравје, жените трчаа по него, а сега се плаши да излезе од дома (ФОТО)

Еден од најпосакуваните холивудски актери Зак Ефрон неодамна откри дека се бори со тешко пореметување кое го спречува да излегува. Станува збор за агорафобија, состојба од која боледуваат и Ким Бесинџер, Дерил Хана и Роби Вилијамс.

Зек е миленик на жените, важи за еден од најзгодните холивудски актери, а големиот притисок на славата си го направи своето и во неговиот случај. Во неодамнешното интервју за „Men’s Health“, Зек откри дека се бори со агорафобија, која клиниката Мајо ја дефинира како „тип на анксиозно растројство во кое се плашите да излегувате и избегнувате места или ситуации кои можат да предизвикаат паника и да се чувствувате заробени, беспомошни. …”

„Едноставно не излегувам“, објаснува тој во интервјуто. „Големи групи луѓе, тоа е она што ја поттикнува мојата агорафобија“.

Работењето на физичкиот изглед за потребите на филмот „Baywatch“ изгледа му предизвика бројни здравствени проблеми на овој убавец. Депресијата е само една од нив.

„Нешто во целиот тој процес направи да изгорам“, рече тој. “Имав навистина тешко време и не можев да се фокусирам. На крајот, лекарите тоа го препишаа на предолго земање на диуретици. И тука нешто тргна наопаку”, објасни Ефрон.

Според експертите на клиниката Мејо, диуретиците „помагаат да се ослободи телото од сол (натриум) и вода“, што му беше важно на Ефрон за да го изваја своето тело за сцените на плажа.

Во јавноста минатата година на големо се шпекулираше фактот дека направил пластична операција на лицето. Забележано е дека неговата вилица е поизразена, а објаснувањето што го даде актерот е најмалку очекувано. Всушност, тој ја скршил вилицата откако се лизнал на подот, трчајќи низ куќата само во чорапите!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.