Познато кога ќе светне елката на плоштадот во Скопје – Ѓорѓиевски ги покани скопјани на заедничко палење на празничните светилки

Град Скопје најави дека годинава празничната магија се враќа на плоштадот „Македонија“.

Со богата програма, украсен амбиент и изненадувања за сите генерации, главниот град ќе го одбележи почетокот на новогодишните и божиќните прослави.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски упати покана до сите скопјани да бидат дел од заедничкото палење на празничните светилки, закажано за 15 декември во 18:00 часот.

Тој најави дека веќе од 16 декември ќе следуваат секојдневни настани и активности, кои ќе траат до самата Нова година.

Според градоначалникот, новогодишната ноќ ќе донесе спектакуларен дочек кој Скопје долго ќе го памети.
The post Познато кога ќе светне елката на плоштадот во Скопје – Ѓорѓиевски ги покани скопјани на заедничко палење на празничните светилки appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: