Познат голман усмрти две лица: Налета на сообраќаец и возач, бегаше од полицијата 60 километри, крвта беше насекаде низ џипот (ВИДЕО)

Армен Фишјан, поранешниот голман на фудбалската репрезентација на Ерменија е уапсен под сомнение дека предизвикал сообраќајна несреќа во која загинаа две лица!Телеграмскиот канал SHOT наведува дека утрото на 23 март, Фишјан прегазил сообраќаен полицаец и возач со својот теренец, кои биле запрени од сообраќаен службеник на автопат во руската територија на Ставропол. Како што дознава ШОТ, Фисјан наеднаш ја сменил лентата, а потоа налетал на полициски автомобил и двајца мажи.
pic.twitter.com/nr1CtdkqgU— Pluton (@Pluton45873221) April 2, 2024
Фисјан побегнал од местото на несреќата, но полицијата по 60-ина километри го пресретнала и го уапсила. ШОТ дознава дека тој тврдел дека не удрил никого, но не можел да објасни од каде дошла крвта на возилото.
pic.twitter.com/xONX8I6YTR— Pluton (@Pluton45873221) April 2, 2024
Против него е поднесена кривична пријава и му се заканува затворска казна до 15 години.Фисјан, кој има 36 години, е поранешен голман на младинските фудбалски селекции на Ерменија. Во текот на кариерата играше за Пјуник и Мика.Професионалната кариера ја заврши во 2016 година, по што настапуваше за помалку познати фудбалски клубови.

Пронајдете не на следниве мрежи: