Големите кулинарски мајстори имаат свои трикови со кои ова станува лесна задача, а тајната честопати е во некоја посебна, можеби неочекувана состојка.
Неодамна својот трик за совршено подготвен крцкав копир го открил готвачот Дан Клугер.
Интересно е тоа што неговата метода се разликува од сите кои досега веројатно сте ги слушнале, но дури е и поедноставна од другите.За трикот на Клугер не ви треба многу работа – не е потребно да ги лупите, сечете или варите компирите. Тој претпочита да гористи добро измиен млад компир и што е можно помал, за да не мора да го сечете.
Суштината е компирот пред да се пече да се измеша со белки од јајца, а тоа ќе му даде крцкава кора и ќе допринесе да биде повкусен. Откако ќе се премачка со изматените белки, треба да се зачини, а потоа да се пече околу 20 минути на 200 степени.