недела, 29 ноември 2026
Најново

Познат датумот кога последен пат ќе се поместат стрелките на часовникот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако Европската Комисија предложи последното поместување да се случи годинава на 31 март, укинувањето на зимското и летното сметање на времето ќе стапи на сила од 2020 година.
Одборот го усвои амандманот на пратеникот Давор Шкрлец од Зелените, кој предложи поместувањето на стрелките на часовниците да запре на 31 март 2020.


Поради низа потенцијални проблеми со ваквото укинување треба да се почека. Директивата би требало да се применува од 1 април 2020, така што одредбите би стапиле на сила во сите земји членки на 31 март 2020, се наведува оттаму.
Во последната анкета дури 84% од жителите на земјите членки на Европската Унија се против поместувањето за еден час понапред или поназад на часовниците два пати годишно.

Поврзани вести