четврток, 12 ноември 2026
Најново

Познат датумот на конклавата: Еве кога ќе започне изборот на новиот папа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кардиналите на Римокатоличката црква ќе започнат конклава за избор на нов папа на 7 мај, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на високи претставници од Ватикан.Како што е наведено, тој датум е избран за време на затворената средба на кардиналите во Ватикан, прва по погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.Право на учество на конклавата имаат околу 135 кардинали помлади од 80 години.Претходните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја само два дена.Папата Франциско почина на 21 април на 89-годишна возраст поради мозочен удар и срцева слабост, а на неговиот погреб на 26 април присуствуваа повеќе од 170 делегации на светски претставници и околу 400.000 верници.

Поврзани вести