четврток, 12 ноември 2026
Најново

Познат е по изјавите дека спиел со 5.000 жени – што прави сега Чарли Шин?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Судејќи по папарацо фотографиите, направени во четвртокот, во Калифорнија, Шин (56) продолжува да ги шармира жените.
Имено, ѕвездата од серијата „Два и пол мажи“ е забележана во женско друштво, во Малибу.
Шин не ја симнал насмевката од лицето додека во лежерно издание разговарал со две дами, кои исто така биле добро расположени.
Фармерки, поло кошула, јакна и очила – доволно за познат заводник.


Инаку, Шин беше во центарот на вниманието во октомври минатата година поради расправијата со неговата поранешна сопруга Дениз Ричардс за исплата на алиментација за нивната 17-годишна ќерка Сами Шин, која се преселила кај него откако претходно живеела со нејзината мајка.
Актерот побарал нивната постара ќерка да се пресели кај него уште во декември 2019-та година, а судијата рекол дека Дениз не доставила документација што би се спротивставила на тоа.
Таа не била на рочиштето, но извор близок до актерката тврди дека нејзиниот поранешен сопруг го поместил датумот за да биде спротивно на нејзиниот распоред.
Наводно, Шин со години не ѝ плаќал алиментација на Ричардс.

Поврзани вести