Познат е точниот број на ЧАСОВИ: Еве колку треба да СПИЈАТ луѓето ПОСТАРИ од 40 години, повеќе сон ЛОШО влијае на работата на мозокот

Потребите за сон варираат во зависност од тоа колку години имаме. Еве колку часа треба да спијат луѓето постари од 40 години.
Колку часа спиете во текот на ноќта? Иако 8 часа се оптимални, тие се разликуваат во зависност од тоа колку години имате. На бебињата им требаат околу 16 часа сон, на децата околу 9-10 за правилен раст и развој, на младите околу 8. Ако имате 40 или повеќе години, вашите потреби за сон се различни.
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ и Фудан анализирале половина милион луѓе на возраст од 38 до 73 години. Сите дале информации за тоа колку спијат, каква е нивната здравствена состојба, а направиле и бројни когнитивни тестови.
Покрај тоа, речиси 40.000 испитаници биле подложени на скенирање на мозокот. Истражувањата покажаа дека и недостатокот и вишокот сон се поврзани со одредени нивоа на когнитивно оштетување – намалено визуелно внимание, брзина на заклучување, нарушена меморија и способност за решавање проблеми, анксиозност, депресија и раздразливост.
Научниците утврдиле дека е идеално луѓето постари од 40 години да спијат 7 часа во текот на ноќта. Тоа е доволно за да го одржат физичкото и психичкото здравје во совршена рамнотежа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.