Полза и придобивки од црешата

Американскиот портал за здравје, „Вомен’с хелт“ (Women’s Health) го пренесува ставот на нутриционисти, според кој, црешата е едно од најуникатните и најкорисните овошја, со повеќе свои корисни својства, дури и кога се конзервирани.
Се проценува дека една просечна чаша цреши содржи 1,5 грама протеини, три грама растителни влакна и огромна количина витамини и хранливи материи. Овие плодови не само што нѐ подмладуваат, туку и го подобруваат спиењето. Следат дел од придобивките на ова овошје…
– Црешата може да спречи брчки. Богата е со витамин Ц (10 милиграми на чаша), како и други антиоксиданти кои го потиснуваат воспалението и оксидативниот стрес во организмот.
– Ова овошје помага и во намалување на можноста од рак. Црешите содржат полифеноли – корисни соединенија кои имаат антиканцерогено дејство. Ако некое лице е изложено на опасност од одредени видови рак, велат стручњаците, против тоа треба се бори со антиоксиданти како фенолните соединенија, бидејќи тие се борат против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките.


– Друго корисно својство на црешата е намалување на крвниот притисок, што може да одврати срцев или мозочен удар.
– Црешите го спречуваат забавувањето на умствените функции. Благодарение на антоцијанините – полифенолните антиоксиданти кои им ја даваат онаа продорна црвена боја, овошјето ја подобрува работата на мозокот и помнењето.
– Може да го намали ризикот од срцев удар, што е поттикнато од хронично воспаление и плаки во крвните садови. Тие го намалуваат протокот на крв и ги затнуваат и окрутуваат артериите. Антиоксидантите во овошјето ги опуштаат крвните садови, ги намалуваат воспалението и притисокот и ги штитат крвните садови од нови плаки.
– Ова овошје помага во борбата и против дијабетес тип 2. Полифенолите во црешата ја подобруваат чувствителноста на инсулин, така што глукозата се апсорбира во клетките и се претвора во енергија.
-Црешите им помагаат на луѓето да спијат подобро. Тие се богати со мелатонин – хормонот кој го регулира циклусот на спиење-будење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.