Унгарија го блокираше нацрт документот за безбедносни гаранции и нова воена помош за Украина на состанокот на амбасадорите на ЕУ во петокот, пишува Политико.
Како што се посочува, во петокот Будимпешта „отфрли нацрт-документ за Украина кој содржи формулација за безбедносните гаранции што ЕУ може да му ги даде на Киев, како и за новиот пакет воена помош“.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на 24 февруари изјави дека Унгарија нема да се согласи со доделување на дополнителни десетици милијарди евра воена помош од ЕУ за Украина и дека ќе се спротивстави на избрзаното продолжување на санкциите против руски поединци и компании.



