Политичарката прошета по црвениот тепих во Њујорк, но со својот стајлинг испрати силна порака: “Оданочете ги богатите!”

Американската политичарка Александрија Окасио Кортез се појави на Мет Гала во елегантен бел фустан со натпис: “Оданочете ги богатите”.
Окасио Кортез носела наизглед едноставен фустан, но поради пораката испишана на грбот политичарката предизвика бројни рекации на социјалните мрежи.


“Каква икона”, “АОК се појави вака на настан полн со богаташи. Оваа жена има повеќе храброст од било кој во Конгресот”, “Аплауза за пораката на Мет Гала”, биле дел од коментарите.
Од друга страна имало и такви на кои им пречело тоа што Кортез воопшто се појави на овој настан, за кој најефтината влезница чини оклу 30.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandria Ocasio-Cortez (@aoc)


“Масата на Мет Гала чини околу 275.000 долари, а една влезница околу 30.000 долари. Ако толку ги мрази богатите, зошто се појави на настанот на кој можат да присуствуваат само најбогатите луѓе во САД?”.
Окасио Кортез ги објасни обвиненијата на својот Инстаграм профил.
“Пред да почнете да напаѓате, политичари кои се на власт во Њујорк редовно се поканети на Мет Гала со цел да се набљудување користењето на јавната културна институција на нашиот град. Бев само една од неколкуте присутни. Фустанот е изнајмен”, напишала Кортез.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.