ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС: МИЦКОВСКИ се плаши понатаму да го коментира ГРУЕВСКИ | ОЧИГЛЕДНА Е РАЗЛИКАТА ВО КВАЛИТЕТ

Oткако без никаква логична причина Христијан Мицкоски отворено го нападна Никола Груевски, денес тој капитулираше… Зошто го нападна и зошто се предаде?

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС: МИЦКОВСКИ се плаши понатаму да го коментира ГРУЕВСКИ | ОЧИГЛЕДНА Е РАЗЛИКАТА ВО КВАЛИТЕТ

Христијан Мицкоски во интревју за германски ФАЦ му отвори војна на Никола Груевски и ја подели партијата со обвинувањето за екс премиерот дека соработува со Ковачевски и Ахмети. Без да приложи било какви докази Мицкоски за германскиот медиум тврдеше дека Груевски се договорил да се измени Кривичниот законик во замена за гласови од пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот и внесување на Бугарите.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ТЕМА ⬆️⬆️⬆️

Но тука само започнаа нелогичностите имајќи во предвид дека токму пратениците кој ги избра Мицкоски направија кворум во Собранието за воопшто да помине Кривичниот законик. Понатаму ниту еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не излезе јавно да посочи дека бил контактиран од Груевски за промена на Уставот, а пратеникот на партијата од Прилеп, Петар Ристески за Инфомакс отворено демантираше.

Мицкоски потоа свесен дека на лагата и се кратки нозете пред ИК и ЦК на партијата презентираше наводни записници од тајни средби на Ахмети, Пендаровски и Ковачевски со кои сакаше да ги убеди членовите на партијата дека власта е толку наивна да договорот за наводно враќање на Груевски во Македонија го стави на хартија.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ТЕМА ⬆️⬆️⬆️

Откако и тоа не помина започна манипулациите со наводно УСБ на кое биле испишани измените на КЗ од Никола Груевски. Секој кој и малку се разбира во компјутери е свесен дека многу лесно може да се фалсификува наводен дигитален печат на било кое лице, а факт е дека потпретседателот на партијата, Александар Николоски не го достави УСБ-то до јавноста туку три испечатени листови хартија за кои тврди дека се напишани од Никола Груевски кажува многу.

И работите за Мицкоски и партиското раководство излегоа од контрола во моментот кога Никола Груевски се вклучи во живо на Инфомакс и го следеше цела Македонија, вклучување во кое со факти ги демантираше сите изјави и тврдења на Мицкоски и раководството обвинувајќи дека Мицкоски соработува со Зоран Заев и поради тоа го напаѓа.

Да ја потсетиме на кратко јавност на фотографијата од тајна средба на Александар Николоски и Венко Филипче.

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС: МИЦКОВСКИ се плаши понатаму да го коментира ГРУЕВСКИ | ОЧИГЛЕДНА Е РАЗЛИКАТА ВО КВАЛИТЕТ

Но она што веројатно најмногу го исплаши Христијан Мицкоски е следново….

Имено Груевски очигледно се воздржуваше во своето излагање напоменувајќи неколку пати дека не сака да и наштети партијата бидејќи партијата не е ниту на Николоски, ниту на Мицкоски туку на членството кое во негово време броело 181 илјади членови, а денес брои само 40-тина илјади членови под раководство на Христијан Мицкоски.

Груевски упати една директна порака до двајцата цитирам: „Ако им одговорам на Мицкоски и Николоски ќе се чудат што ги снашло“.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ТЕМА ⬆️⬆️⬆️

„Се трудам да се воздржам да не кажам некои работи што ќе им направат голема штета. Јас имам многу информации, но сум незадоволен од многу работи“ – рече Никола Груевски синоќа во вонредното вклучување во емисија во живо на Инфомакс.

„Јас со многу нивните политики не се согласував и сега не се согласувам, но не го кажувам тоа јавно за да не направам штета. На пример го спомнавте Александар Николоски, па јас толку работи можам да му одговорам да не може да се отплетка со месеци. Или на Христијан. И да се чудат што ги снашло“ – рече Груевски.

Тој рече дека не сака да го направи тоа, но доколку решиле да продолжат да се занимаваат со него, тогаш ќе бил тука.

„Не сакам да го направам тоа. Таа партија не е на Александар и на Христијан. Во мое време таа партија имаше 181.000 членови. Се трудам да не возвратам силно како што знам. Ги оставам да лудуваат некое време да им помине. Ако почнеме јас и моите приврзаници што сме незадоволни од ова раководство тоа води во една друга насока. Но, овие луѓе како да сакаат да се случи тоа. Но доколку се решат да се занимаваат со мене до изборите тогаш тука сум“ – заклучи тој.

По што денес пред целата македонска јавност Христијан Мицкоски капиутилираше свесен дека оние заклетви на верност на социјалните мрежи од актуелни партиски функционери не се вистинска слика за реалноста во партијата која од ажурирање до ажурирање на членство брои се помалку членови.

Мицкоски денес не сакаше да го коментира јавувањето на екс-премиерот Никола Груевски во емисија во живо, во кое гостуваше и градоначалничката Данела Арсовска, ниту сакаше да каже поконкретно околу фамозното УСБ кое го покажа потпретседателот на неговата партија, Александар Николоски.

-Се што имав да кажам на таа тема – кажав. Немам што повеќе да додадам по тоа прашање. На сите им посакувам среќа, здравје и успех во тоа што го работат, кажа Мицкоски.

Прашањето кое што реално си го поставува целата македонска јавност и секој член на ВМРО-ДПМНЕ е зошто откако беше толку сигурен во себе и во секоја прилика и на нарачани прашања го коментираше Груевски сега ненадејно се повелече и му посака среќа.

Какви ли материјали за Христијан Мицкоски, Александар Николоски и поширокото партиско раководство поседува Никола Груевски? Што е тоа што го натера Христијан Мицкоски да капитулира пред цела македонска јавност?!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.