Трагедија во село Колобар, Бугарија. Полициски инспектор смртно го застрелал својот зет за време на ноќен лов во Државната фарма за дивеч Каракуз.
24-годишниот маж кој бил застрелан таму работел како шумски чувар.
Двајцата имале дозвола за лов на ситен дивеч, прецизираше Окружното обвинителство во Силистра.
Истрелот бил испукан со ловечка пушка во легална сопственост. На инцидентот имало и сведоци кои биле сослушани.
47-годишниот полицаец ќе одговара за предизвикување смрт од невнимание. Казната во вакви случаи е од 1 до 6 години затвор, пишува БНТ.