Полицаец запрел момче поради прекршок, а кога му кажал зошто брза, тој направил нешто прекрасно (ВИДЕО)

Еден средношколец од Јута заедно со неговата мајка бил запрен од страна на полицијата бидејќи не застанал на знакот “стоп”. Како што рекле, тие доцнеле на неговото фотографирање со пријателите и последниот училишен танц бидејќи не знаеле како да врзат вратоврска.
17-годишниот Џејк Делео се трудел на сите начини да ја врзе вратоврската, дури и гледал совети на Јутјуб, но тоа никако не му успевало. Бидејќи доцнел за фотографирањето со своите другари од училиштето и последниот танц, тој и неговата мајка Кристи Картер влегле во автомобилот и тргнале кон настанот.
Одеднаш виделе како ги запира полиција бидејќи не застанале на “стоп” знакот. Полицаецот ги прашал зошто брзаат, а кога момчето му објаснило дека доцни поради вратоврската, тој го извел од автомобилот и му помогнал да ја врзе својата вратоврска.
Потегот на полицаецот го снимила мајката на Џејк, која открила дека тој не му напишал казна, а притоа им го спасил денот. Снимката ја споделила и полициската станица, пофалувајќи го својот вработен што им помага на граѓаните во неволја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.