ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ХЕРСОН: Се очекува украинска офанзива на овој град, се проширува зоната за евакуација на цивилите!

Прорускиот гувернер на областа Керсон во Украина, Владимир Салдо денеска изјави дека во градот Херсон е воведен 24-часовен полициски час.

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ХЕРСОН: Се очекува украинска офанзива на овој град, се проширува зоната за евакуација на цивилите!

Полицискиот час е воведен поради можна украинска офанзива врз градот, додаде Салдо. Салдо неодамна изјави дека зоната за евакуација на цивилите од регионот Керсон се проширува и дека се планира евакуација на до 70.000 луѓе. Тој рече дека зоната на евакуација е продолжена за 15 километри од реката Днепар, поради информациите за подготовките на Украина за масовен ракетен напад на хидроелектричната брана Каховска.

Официјална Москва прогласи припојување на Херсонската област и три други региони на Украина кон Русија, по одржаниот референдум, но украинските сили потоа започнаа офанзива за да ја вратат контролата врз регионот Керсон.

Денеска властите на Херсонската област ги повикаа жителите на областа Каховски веднаш да ја напуштат територијата поради зголемената безбедносна закана.

„До сите жители! Напуштете ја населбата веднаш. Вашиот живот е во опасност. Се очекува висок степен на воена закана“, објави локалната администрација на Телеграм.

Во соопштението се додава дека евакуацијата ќе се одвива организирано со копнен транспорт. За оние кои ќе останат во регионот од 6 ноември ќе се применуваат „присилни мерки“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.