Полицијата влезе во Сопиште, откриена марихуана вредна 20.000 евра

Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, денеска по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште.

Од МВР информираат дека при претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра.
Д.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.