Полицијата казнува на секој чекор, на мета и мотоциклистите

Само во текот на вчерашниот ден за сообраќајни прекршоци на територијата на Скопје изречени се повеќе од 200 казни.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 16.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 133 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина (седум надвор од населено место и 126 во населено место). Откриени се и 55 останати прекршоци за кои се издадени 20 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.
На 16.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што се откриени 24 возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 55 останати прекршоци за кои се издадени 38 мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.