Полицијата со шок бомби и солзавец се бори со мигранти од Солун кои се обидуваат да влезат во Македонија

Полицијата со употеба на солзавец се обидува да спречи стотици мигранти кои утринава го напуштија бегалскиот камп во Солун и се упатија кон границата со Македонија. Во близина на границата се поставени и шатори каде се населиле мигрантите, информираат грчките медиуми, пренесе “Фокус“.
Меѓу нив има и мајки со деца, кои бараат да им се дозволи да ја преминат границата, за да го продолжат својот пат кон Германија. Фрлаат со камења кон полицијата, а таа одговара со шок бомби и солзавец, пренесуваат медиумите.
Како што изјавиле мигрантите одговараат на анонимен повик на социјалните мрежи да стигнат до грчката граница со Македонија, оддалечена 60 километри, и да се обидат да ја пробијат оваа граница, а потоа повторно да тргнат по мигрантската балканска рута, која беше цврсто затворена во 2016 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.