Полицијата трага по Панчевски, но не може да го лоцира каде е

Полицијата трага по Панчевски, но не може да го лоцира каде е

Дали на Панчевски му било дојвено дека ќе биде притворен поради непојавување на судењето, па времето од доаѓањето на полицијата, екс судијата успеал да го искористи за да побегне? Тој во моментов е недостапен за органите на прогонот и наредбата на судот не може да биде извршена.

Од МВР потврдуваат дека трагаат по судијата и дека ќе биде приведен кога ќе бидат создадени услови, односно кога ќе биде лоциран.

Лани во декември, по повеќемесечна суспензија,  Панчевски беше разрешен од Судскиот совет од функцијата судија. Панчевски е обвинет за злоупотреби на АКМИС системот за управување со судските предмети во кривичниот суд. Според обвинението од 2013 до 2016 со писмен параф наредил четири предмети да бидат распределени кај конкретни судии, по еден во Неготино и Куманово, 41 обвинение од обвинителството за организиран криминал и две од СЈО исто така кај конкретни судии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.