Полнети бабури со мелено месо и тиквичка

10 бабури
500 г мелено месо
200 г ориз
1 тиквичка
1 јајце
2 главици кромид
1 лажица црвен пипер
1 лажица сув зачин
1/2 лажица буковец
1/2 лажица оригано
магданос
2 лажици брашно
1 лажица црвен пипер
масло
сол и мелен црн пипер
1. Бабурите ги миеме и им ги отстрануваме рачките и семките.
2. Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме во тава за пржење со малку масло. Тиквичката ја рендаме и ја додаваме заедно со кромидот да се пропржи. Меленото месо го пропржуавме десетина минути на тивок огин. Оризот предходно исчистен и измиен го додаваме во смесата, па и него го пржиме. Смесата ја тргаме на страна и ги додаваме црвениот пипер, буковецот, ориганото, магдоносот, црниот пипер и сувиот зачин. На крајот го додаваме јајцето и убаво го мешаме филот.
3. Бабурите ги полниме со фил и ги затвораме со кругови тиквичка.
4. Ги редиме во тава и налеваме вода за да ги прекрие. Тавата ја покриваме со фолија и печеме 1 час на 200степени.
5. На загреано масло и го пржиме брашното и го додаваме црвениот пипер. Ги преливаме бабурите со запршка и печеме уште 1/2 час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.