Полнети бомбици

2 јајца
250 г шеќер во прав
100 г чоколадo
2 лажици рум
300 г мелени ореви
150 г маргарин
4 лажици шеќер во прав
1 ванилин шеќер
чоколадни трошки и кокосово брашно
Белките изматете ги со 250 г шеќер во прав и румот. Додадете ги оревите и  растопеното чоколадо, и замесете смеса.
Од маргаринот, жолчките, 4 лажици шеќер во прав и ванилин шеќер изматете крем.
Од смесата со ореви и чоколадо расплекувајте на едната рака и нанесувајте крем. Формирајте бомбици и свалкајте ги во чоколадни трошки и кокосово брашно.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.