Полнети компири

4 компири
200 г обарен мешан зеленчук
6 рендани кисели краставички
150 г рендан кашкавал
150 г шунка исечена ка коцки
200 г дробено сирење
2 лажици мајонез
Компирите избоцкајте ги со виљушка и свиткајте ги во алуминиумска фолија. Наредете ги во тава, испечете ги и издлабете ги за полнење.
Во сад измешајте ги издлабените делови од компирите, шунката, кашкавалот, краставичките, мешаниот зеленчук, сирењето и мајонезот.
Наполнете ги печените и издлабени компири со филот.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: